Придобивки

Следењето и мониторирањето на работното време на вработените е важен дел од менаџирањето на трошоците предвидени за вработените. Но како Вашата компанија ќе расте овој дел од менаџирање на вашата компанија ќе станува се повеќе и повеќе предизвикувачки.

Но со IzziHr платформата процесот на менаџирањето и следење на присутноста на вработените станува многу МНОГУ полесен.
Следење на работното време без користење на картички

Со нашиот ситем на следење на работното време, вие ќе може да увидите кој вработен колку часови изработил, колку часови има прекувремено изработено, колку имате привремени вработени итн. односно можете да увидите колкави ви се трошоците за работна сила и врз основа на тој извештај да направите прилагодување на работните часови доколку е потребно.

Нашиот софтвер за евиденција на работно време и присутност исто така нуди функции за спречување на злоупотреба од страна на вработените што всушност тоа Вас ви претставува трошок. На пример, тоа ги спречува вработените да се евидентираат на влез и излез во име на други — исто така познато како "куцање".

izziHr софтверско решение обезбедува, дека оние вработени кои ќе ја користат нашата мобилна апликација, кога ќе се во определено растојание од нивното работно место (може да бидат повеќе) софтверот точно ќе го забележи нивното присуство.

Нашето автоматизирано софтверско решение за евиденција на работно време ќе го намали мануелното “рачното” и често погрешно внесување на податоци и ќе ви помогне да ја:
  • Зголемете ја продуктивноста со обезбедување на вистинските луѓе да се онаму каде што се најмногу потребни
  • Следење на работното време само со користење на мобилна апликација
  • Брзо креирање и споделување на работни (сменски) распореди
  • Лесно и брзо поднесување и одобрување на барањата за слободен ден и одмор
150
часа заштедени месечно
65%
помалку грешки
60%
заштедено време на мануелно внесување податоци
Мобилна апликација

Ние ви нудиме модерна напредна мобилна апликација izziHr која овозможува пристап до вашите лични податоци со едноставен кориснички интерфејс. Лесно и без никаков напор ќе ве води низ деталениот приказ на корисничките информации и ќе ви обезбеди преглед на вашите податоци во реално време.

Нашата апликација генерира комплетни извештаи со еден клик, овозможувајќи ви да донесувате информирани и издржани одлуки во тој миг.

Нудиме предефинирани форми на обрасци олеснувајќи ги административните задачи, обезбедувајќи ефикасност и точност во секој ХР процес.

Најдобриот исход од користење на izziHr апликацијата е што:
  • податоците автоматски циркулираат меѓу Hr, сметководство и вработените
  • вработените имаат само едно корисничко име и лозинка кои треба да ги запомнат иако истите се зачувани автоматски
  • информациите за работното време, за вашата плата, вашите придобивки и други информации може да се пристапат од вашиот личен телефон

Подигнете го вашиот HR стандард со нашата мобилна апликација - таму каде едноставноста се среќава со софистицираноста.
Подобрете ја продуктивноста со модерниот менаџерски контролен панел

IzziHr е една од наједноставните за употреба платформи за човечки ресурси, и администраторите и вработените ја користат со иста леснотија. Од едно место преку пријатниот и модерен интерфејс кој ги вклучува следниве можности a и многу други, брзо можете да:
  • Видите кој е на своето работно место, кој задоцнил и кој е отсутен
  • Брз пристап до работните распореди и работните задачи на вработените
  • Моментално сте известени за било какви одобрувања, одбивања или промени
  • Мониторирање на редовните работните часови и прекувремените работни часови за поголема контрола на трошоците
  • Автоматски се генерираат месечни извештаи за избегнување на било какви доцнења во исплата на плати
  • Брза достапност на информаци, извештаи што придонесува до заштеда на време и максимизирање на ефикасноста.

Со нашиот контролен панел, вашите HR специјалисти можат да се фокусираат на податоците за вработување, додека вашите HR менаџери можат да се фокусираат на вработените нивната продуктивност, мотивираност и секако нивните придобивки, а извршните директори можат лесно да го следат и планираат растот на компанијата.

Секогаш на дланка ќе ви бидат вистинските податоци кои ви се потребни вам и на вашето лидерство за да донесете стратегиски и правилни одлуки.
~4 hr
подобрена ефикасност во планирање
32%
намалени трошоци
84%
подобрена тимска работа
Извештаи, Извештаи, Извештаи

Без аналитички софтвер, професионалците во областа на човечките ресурси трошат просечно два дена во текот на неделата за креирање на извештаи. Тоа е прилично многу вредно време кое се троши непотребно, ние можеме да ви помогнеме тоа да не ви се случи и вам.

Со izziHR само за неколку минути може да генерирате информативни, детални и лесни за читање извештаи за планирање на работните задачи, смените на вработените, одредени статистички извештаи и повеќе ..., независно каде се наоѓате и во било кое време да ви се потребни.

Освен тоа, извештаите кои ги користите најчесто се автоматски зачувани во вашиот лесно за користење контролен панел и ви штедат уште повеќе време.

izziHR Основниот пакет вклучува библиотека со најчесто користени извештаи кои се вградени во софтверот од број на вработени до процесите за одобрување и секако информациите за вашите вработени.

Сепак, со Премиум пакетот, можете да отидете малку подалеку и подетално, креирајќи сопствени протоколи и генерирајќи прилагодени извештаи за било кои податоци што ги имате зачувано во системот, вклучувајќи прилагодени полиња според ваши барања. Ова значи дека можете да направите подетален преглед на вашите ХР податоци и да донесете одлуки базирани на податоци кои се креирани специјално за вашата организација и на ваше барање.

Со нашиот izziHr систем за креирање на извештаи, можете да донесете постратегиски и попродуктивни одлуки.
Автоматски генерирани финансиски извештаи

Не ја оставајте точноста и исплатата на вработените во вашата компанија на случајност. Целокупниот процес на izziHr "од куцање до плата" обезбедува брзо и лесно следење на работното време и вреднувањето на трудот на вашите вработени. Користењето на izziHr платформата ви овозможува моментално пресметување на вредноста на изработените работни часови врз основа на вашите платежни политики, вклучувајќи ги и прекувремените работни часови, а со неа се избегнуваат и скапи грешки.

izziHr автоматски ги пресметува вкупните работни часови по вработен и ги праќа до сметководство, оставајќи ви вам или на вашите менаџери малку да се досредат одредени исклучоци, како што се отсуства од било каква природа, одмори итн. односно да извршите минимални неопходни исправки.

Протокот на податоци дирекно се одвива помегу платформата и вашето сметководство со цел да се избегне рачното и потенцијално погрешно внесување на податоци.

Бидејќи повеќе не мора да проверувате “картички за куцање”, сега имате повеќе време да го подобрите вашето оперативното бизнис функционирање и да ги подобрите услугите и услужноста на вашите клиентите.
62%
зголемена продуктивност
82%
ефикасност во задржување на новите вработени
54%
поголема инволвираност на вработените
Предефинирани обрасци кои чекаат ваш електронски потпис

Понудите за евтини летови и сезоната на грип можат да се случат без предупредување, правејќи го процесот на барање и одобрување на одмор доста тежок за сите засегнати.

Затоа олеснувањето на процесот за барање и одобрување на слободни денови е еден од приоритетите при развивањето на нашата мобилна апликација и izziHR платформата.

Сега вработените можат да бараат слободен ден или одмор со само неколку клика, а менаџерите можат да го одобрат по само неколку секунди директно на своите мобилни телефони. Времето за одмор никогаш не било толку лесно за земање, а и на менаџерите за негово планирање и следење.

Еден од најдобрите начини да ја подобрите работната атмосфера на вработените е внесување на кориснички-пријателска технологија во вашето работно место, со е-потпис интегриранта функција во izziHr мобилната апликација, процесот на потпишување на документи исклучително лесен како 1 2 3.

Електронските потписи не само што се одлични и лесни за користење, туку и го намалуваат времето за обработка и процесирање на документите, штедат хартија и секогаш ја знаете веродостојноста на информациите.
Изградете бизнис без граници

Дајте им на вашите вработени и раководители можност да ги завршат работните задачи кои се временски осетливи брзо, лесно и според нивните предпочитувања.

Во izzihr решенијата за следење на работното време, постои и вградена опција за самообслужување така што секој вработен може да ги заврши своите работни задачи од било која локација. Што значи izziHr врши синхронизирање на работните часови на вработениот независно од каде се внесени.

Наши алатки го поедноставуваат следењето на времето, па часовите на вработениот се записуваат точно дури и на далечни локации, што ја олеснува задачата на вашиот менаџер за да ги верификува со само еден клик.

Сè е интегрирано за IzziHr да ви заштеди време и да ви помогне да останете во согласност со секојдневните активности.
2x
поголема продуктивност
40%
поефикасен менаџмент
28% 
побрза и поефикасна комуникација
Добрата комуникација е основа за успех

Ние помагаме на вашите вработени да растат, созреваат и унапредуваат во нивната кариера и професионалност со помош на најразлични образци за преглед на перформанси и осполнување на зададените цели.

Собирате повратни информации со најразлични анкети и никогаш не пропуштате клучен момент со подсетници за годишнини и родендени.

Исто така, ви обезбедуваме:
  • Информирање на вработените со потребни информации за остварување на одредена цел
  • Комплетно известување за било какви промени во политиките на вашата фирма во реално време
  • Можност на вработените да споделуваат идеи и најдобри практики од терен
  • Поттикнуваме отворена комуникација во вашиот тим за идентификација и решавање на потенцијални проблеми ...
Подобрено донесување на одлуки

Кога Hr менаџментот не трошат многу време на административни задачи, списоци за платата, точноста на информациите итн., тие можат да се фокусираат на подобрување на целокупниот работен процес на вработениот.

Ако не е заглавен во тривијални административни задачи, тогаш може за се сконцентрира и да бара нови можности за усовршување, подобрување на ефикасноста и олеснување на работниот процес, со што ќе се подигне моралот а и ќе се подпомогне растот и развојот на работниот процес.

Нашето izziHr софтверско решение ќе ви помогне полесно да креирате и анализирате извештаи од податоците кои ви се на располагање овозможувајќи му на Hr менаџментот да донесе паметни и навремени одлуки.
22%
зголемен профит
5x
поголема мотивираност
59%
намалени загуби